Првиот човек на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово и кандидат за пратеник во втората изборна единица на парламентарните избори на прес конференција објави победа на својата партија во втората изборна единица и тоа со девет пратеници.
Во Куманово од 90 отсто од преброените гласови СДСМ има 21.500 а ние 20.500. Остануваат уште десетина избирачки места така да не очекуваме некоја битна разлика. Ние сме задоволни од резултатите, бидејќи ги повторивме од 2014 година. На ниво на државата коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со 4 до 5 пратеника. Како што засега стојат работите во втората изборна единица ние освојуваме 9 пратеника, СДСМ 7 , ДУИ 2 и БЕСА 1 пратеник. Ќе ја искористам приликата да им се заблагодарам на сите наши членови на сите наши симпатизери, кои ни ја дадоа довербата и гласаа за нас. Многу е битно што изборниот ден помина без инциденти, гласањето беше фер и демократски – рече Петковски.

