Први неофицијални резултати од изборите во Куманово обработени до 20 часот

Сподели со своите пријатели

Според првичните неофицијални резултати од прес центарот на избопрниот штаб на СДСМ од Куманово, тесна битка се води помеѓу двете најголеми партии, иако во блага предност со гласовите е Оливер Спасовски.

Според податоците од 20 часот ВМРО-ДПМНЕ има 2.980 гласа во Општина Куманово, додека Оливер Спасовски носител на листата на СДСМ и коалицијата водат со 3.326 гласови. Станува збор за првични резултати од до сега обработени 30 избирачки места во Куманово.

Тесна е разликата помеѓу ДУИ и БЕСА. За четири гласа повеќе предничи БЕСА со 425 гласови, додека ДУИ има 421 глас, а зад нив е ДПА со 171 глас.

Алијансата за Албанцит еима 145 гласа, а коалицијата ВМРО за Македонија вкупно 98.

Неважечки се 407 гласови.

Засега е тесна битката, но поради постојаната обработка на гласовите, ситуацијата постојано се менува.