Деца да се вработуваат, на старите да им се дава помош, повисоки пензии, е желбата на 84 годишниот Висомир Вучев од населбата Перо Чичо во Куманово.
Тој денеска и покрај староста и изнемоштеноста заедно со својата сопруга дојде да гласа.
Вели дека тој си има партија која што си ја подржува, но како да знае за изборен молк , не кажа ниту една партија, не спомена ниту еден политичар.
И ако имам 84 години јас дојдов да си гласам, јас секогаш доаѓам на гласање, тоа е мојата граѓанска должност и обврска. Од овие избори очекувам повеќе вработувања на младите , да дадат на старите луѓе повеќе пари и да нема сиромашни стари – изјави Висомир Вучев откако гласаше.

