Вкупно 51.079 граѓани од вкупно 89.427 лица кои гласале во втората изборна единица во Општина Куманово гласале до 17 часот, односно во проценти 57,43% го оствариле своето право на глас, информираа од Државната изборна комисија.
Најголема излезеност имало на гласачкото место 1098/1 каде 76,89% од граѓаните на Куманово го оствариле правото на глас, додека најмала излезеност е забележана на избирачкото место 1018 каде гласале 25,99% од гласачите.
Во Општина Старо Нагоричане своето избирачко право го оствариле 56,92% од граѓаните, односно од 3.039 регистрирани гласачи, гласале вкупно 1.728 лица.
Во Општина Липково до 17 часот гласале 46,31% од граѓаните, односно од 24.351 лице со право на глас гласале 11.165 граѓани.
Во втората изборна единица правото на гласо го оствариле 59,89% од граѓаните, додека на ниво на целата држава до 17 часот гласале 60,38% од населнието.