Бесплатна телефонска линија во канцеларијата на Народниот правобранител ќе биде отворена во текот на денешниот ден на која сите граѓани кои ќе наидат на повреда на избирачкото право може да пријават нерегуларности со повик на бројот 0800-54321.
Телефонските линии ќе функционираа во период од 7 до 19 часот, односно во периодот додека трае гласањето за предвремените парламентарни избори.
Вкупно на седум локации низ државата канцелариите на Народниот правобранител ќе работат во текот на денешниот ден: Скопје, Битола, кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип со цел да им се пружи заштита на избирачките права на сите граѓани на Република Македонија.
Покрај лично во канцелариите како и на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следните телефонски броеви: 044 344-082 во Тетово, 034 329-996 во Струмица, 045 228-586 во Кичево, 047 242-310 во Битола, 032 389-701 во Штип и 031 431-488 во Куманово.
Правата на граѓаните ќе бидат заштитени со преземање на итни мерки преку кои ефективно ќе се постапува до надлежните органи во изборниот процес и институциите должни да обезбедат заштита на избирачките права.
Прекршување на избирачко право може да се пријави и на бесплатната телефонска линија на граѓанската асоцијација „МОСТ“ на бројот 080 080 080.
Loading...