Сончево време со температури до 20 степени

Сподели со своите пријатели

Утринава во земјава времето е сончево, тивко и студено, по одделни котлини има појава на слаба магла. Дува слаб ветер од северен правец кој повеќе е изразен на повисоките места и планините. По одделни котлини особено долж Повардарието има појава магла со променлива видливост, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на денот ќе имаме сончево време, во јужните и југозападните делови ќе има мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер слаб северен ветер. Претпладне по некои котлините ќе има слаба магла. Највисоката температура ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време со слаб ветер од источен, односно североисточен правец. Максималната дневна температура ќе достигне 13 степени целзиусови, а во текот на ноќта истата ќе изнесува 2 степени во негатива.

Од утре, в понеделник и во вторник ќе има продор на студена воздушна маса од север проследена со засилен северен ветер и ќе предизвика заладување, на места ќе има провејување на слаб снег и позначително опаѓање на температурата.