Кампањата заврши, денес е изборен молк

Сподели со своите пријатели

Од вечерва на полноќ статуваше т.н. изборен молк, односно период од 24 часа пред изборите во Република Македонија, кога завршуваат сите активности на политичките партии, а секаков вид на нивно дејствување и нарушување на изборниот молк се казнува.

Утре ќе се одржат деветитте по ред парламентарни избори во Република Македонија на кои право на глас ќе имаат 1.784.416 гласачи кои ќе треба да избираат помеѓу 11 политички субјекти, односно шест политички партии и пет коалиции со вкупно 58 листи на кандидати на пратеници каде има 1.092 кандидати.

Во Република Македонија изборите ќе бидат спроведени на вкупно 3.480 гласачки места, како и на 46 глсачки места надвор од државата, во седмата изборна единица која ја опфаќа дијаспората, а ќе се гласа во дипломатско-конзуларните претставништа на нашата држава.