Американската амбасада во Скопје ги предупреди своите државјани во Македонија да избегнуваат масовни собири на 11 декември, денот на изборите, бидејќи се можни немири, но оттаму велат дека тоа е стандардна процедура што се применува насекаде низ светот.
Македонија ќе одржи парламентарни избори во недела, 11 декември. Додека неодамешните избори во Македонија беа мирни, можни се немири поврзани со изборите. Американската амбасада ги повикува сите американски државјани да бидат свесни за настаните во врска со изборите на 11 декември и да избегнуваат големи толпи, протести и собири кога е можно. Американските државјани треба да ги следат советите на локалните функционери кои се одговорни за безбедноста и сигурноста на сите посетители во Македонија“, објави вчера на својата веб страна Амбасадата на САД во Македонија.
Loading...