КК Куманово вечерва гостува кај АВ Охрид

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово вечерва од 18 часот во рамките на третото кооло од домашното кошаркарско првенство ќе си ги одмерат силите против составот на АВ Охрид на гостински терен.

Карактеристично за двете екипи е што од до сега одиграните по два натпревари имаат забележано пое дна победа и еден пораз, исто како и екипите на Струмица и Пелистер, а на врвот на табелата без пораз се Работнички и Фени индустри, додека се уште без победа се Кожув и Вардар.