„Ден на дрво – засади ја својата иднина“ – среда неработен ден
On:
Сподели со своите пријатели
Согласно со Заклучокот од седницата на Владата на Република Македонија одржана на 25.11.2016 година, по повод спроведување на акцијата „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина”, 30 ноември 2016 година (среда), е неработен ден, освен за вработените во здравствените институции, информираат од Министерството за труд и социјална политика.
На денот на акцијата градинките да се со вообичаено работно време. Истовремено, известуваме дека датумот за одработување дополнително ќе се определи.