Утре без електрична енергија неколку населени места во Куманово
On:
Сподели со своите пријатели
Во текот на утрешниот ден без електрична енергија ќе останат неколку населени места во Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Во период од 09:30 до 15:30 часот најавен е прекин за селата Гошинце и Лукаре, а во период од 09:00 до 15:00 без напојување со електрична енергија ќе останат селата Пчиња, Винце, Вакав и Студена Бара.
Станува збор за најавени прекини од ЕВН Македонија поради интервенција во електро дистрибуцијата.