Кумановските пожарникари со две интервенции викендов
On:
Сподели со своите пријатели
Две интервенции викендов вележат припадниците на Територијалната против пожарна единица од Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Првата интервенција била во сабота кога половина час, односно во период од 17:30 до 18:00 часот 4 пожарникари со едно противпожарно возило гаснеле запалено патничко моторно возило на булеварот ”Октомвриска револуција”.
Втората интервенција била вчера лога биле запалени две борови дрва во дбор на семејна куќа лоцирана на улицата ”Игор Милутинович”. Во гаднењето учествувале тројца пожарникари со едно против пожарно возило во период од 11:00 до 11:15 часот.
Засега нема информации за причините за избувнување ма пожарите, но во двата случаи е предизвикана помала материјална штета.