Денес облачно и студено, на планините снег

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта и утрово времето е облачно, на некои повисоки места со ниска облачност и намалена видливост до 50 м, а по одделни котлини има појава на магла, најмногу во Пелагонија и Демир Капија, каде видливоста е намалена на 200 м, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во втората половина од ноќта и утрово на места има слаби врнежи од дожд. Дува слаб ветер, претежно од северен правец.

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, а повеќе врнежи ќе има попладне. Поради спуштање на многу студена воздушна маса од север ќе бидат проследени со умерен до засилен северен ветер, а во доцните попладневни часови врнежите и на некои повисоки места ќе поминуваат во снег (надморска висина околу 600 м). Ќе се формира снежна покривка, особено на планините во западните делови, а помала снежна покривка и на останатите места. Дневната температура ќе се движи од 4 до 11 степени.

Во Куманово и околината денеска ка ќе имаме облачно и студено време. Ќе дува умерен до зссилен северен ветер, а максималната дневна температура во текот на денот ќе опаѓа, па така од утринските 6 степени во текот на денот ќе се намали на само 1 степен.

Утре времето ќе биде облачно, студено и ветровито со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Врнежи ќе има и во пониските делови, каде ќе се формира и помала снежна покривка, додека на планините ќе се зголеми. Повеќе врнежи се очекуваат попладне во источните делови. Утринската температура ќе се движи од -4 до 2, а дневната од -2 до 3 степени.

Потоа следува стабилно време со постепен пораст на температурата, но во среда и четврток изутрина ќе биде многу студено со температури од -9 до -3 степени.