Кумановка се здобила со тешки повреди во сообраќајна несреќа

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер околу 20,40 часот на регионалниот пат Куманово-Скопје, на месноста викана „Голубова куќа“ се случила сообраќајна незгода во која Ќ.Б.(35) од село Извор – кумановско, управувајќи патничко моторно возило марка „Мерцедес“ со кумановски регистерски ознаки изгубил контрола над возилото и излетал надвор од патот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата сопатникот од возилото И.Б. (28) од село Черкези-кумановско, се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена и задржана на лекување во Јавна здравствена установа – Куманово.

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Се работи на целосно расчистување на случајот.