„Споменик на иселените“ поставен на градскиот плоштад (фото)

Сподели со своите пријатели

Акцијата на граѓанската акција „Ние одлучуваме“ ги завршува своите предизборни активности кои скоро еден месец се одржуваат низ градовите ширум Македонија.

 

dsc_0159

 

Целта е да се запознаат граѓаните поблискуи со политиката и да се приближат личните проблеми до истата, преку делење бесплатни примероци на весници на граѓаните.

Во меѓувреме додека траат акциите имаме секој ден по некој помал перформанс или некој таков горила настан. Ова е еден вид на некаква монтажа споменик на ислените со што сакаме да ја претставиме енормната бројка на иселени млади луѓе од Македонија кои што се повеќе заминуваме, ние сме против тоа и бараме да се направи нешто против тоа по прогресивни промени да се направат за да младите остануваат тука да наоѓаат причини за да остануваат. Дури нечовечките услови  за живот во Македонија кои што ги имаат младите, вработувањата со партиска книшка, лошите услови во здравството, образованието, лошиот квалитет во секој дел од општеството и мислам дека тоа ги тера младите да се иселуваат и покрај тоа што ние не знаеме, колку млади конкретно млади лица се отселиле од Макеоднија поради немањето попис од 2002 година но сите познаваме многу луѓе кои се отселиле наши блиски – изјави Љуми Бекири, активист.

dsc_0164

 

На прашањето што препорачуваат на партијата која ќе дојде на власт по 11 декември, Бекири вели дека треба да се направат реформи во целото општество, започнувајќи во образованието, а потоа да се искорени праксата за вработување преку партиски книшки.