Делови од градот останаа без вода поради интервенции во мрежата

Сподели со своите пријатели

Неколку улици во градот останаа без вода, откако поради интервенции на водоводната мрежа привремено е исклучен дистрибутивниот систем, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Станува збор за улиците: „Мирче Ацев, „Христијан Тодоровски Карпош“,  „Јоско Илиевски“, „Студена Вода“, улица „120“ во населбата Карпош, улицата „405“во населбата  Иго Тричковиќ, како и  населбата Јане Сандански.

Засега нема најви кога ќе се нормализира ваквата состојба, но екипите на јавното претпријатие „Водовод“ работат на терен и наскоро се очекува водоснабдувањето да биде нормализирано.