Четири најморничави места во светот (видео)

Сподели со своите пријатели

Кино, болница, НЛО град…што би можеле тие да имаат заедно. Веројатно ништо, но во оваа компилација од видеа можете да дознаете дека има четири места во светот кои ги поврзува само нивната напуштеност и морничавост.

 

Loading...

Санзи НЛО град

На северниот брег на Тајван во 1978 година требало да изникне големо ново одморалиште. Но, работата на необични куќи во облик на НЛО застанал после само две години откако неколку мистериознио смртни случаи кои се случиле на локацијата ги исплашиле инвеститорите. Празноверните локалци сметале дека местото е проколнато, откако поради градбата била срушена скулптура на змеј. Неколку работници извршиле самоубиство откаок наводно виделе духови од луѓе кои погинале во сообраќајка.

Болница Хорвинскаја

Изградбата на московската болница во форма на предупредување за биолошкиот отпад започнала во 1980 година, а пет години подоцна изненадно истата локација била напуштена. Оваа зграда со 1.300 кревети сега ја красат графити, под кои се распаѓаат и поплавените подруми. Постојат гласини дека полицијата во 1990 година зарабила и убила припадници на култот, за да го запре жртвувањето. Наводно таму се убил и еден 16-годишник во 2005 година, а еден истражувач бил убиен во 2011 година. Сите кои се обидуваат да дојдат до оваа место предупредуваат дека ходниците на зградата се анселени од скитници, зависници и криминалци.

Молодијазнаја

Советскиот истражувачки центар е замрзнат во времето, на брегот на антарктичкото Космонаутско море. Под снегот се закопани скршени советски летала. Тоа е место каде леталото Иљушин ИЛ-14 се срушило поради дефект на моторот, а во несреќата загинале четири патници. Оваа база е направена во 1962 година, како лансирано место за тестирање на над илјада ракети. Пропаднала со падот на Советскиот сојуз, а сега само на неколку научници им е дозволено да и се приближат.

Кинона крајот на светот

Замислете да седите во природна, а над вас небото прекриено со ѕвези, пред филмско патно. Звучи идеално, зарем не? Киното „Глава во ѕвездите“ сред Синајскиот полуостров во Египет е изградено ан почетокот на 21 век, а за време на своето постоење во него не бил прикажан ниту еден филм. Имено, на самата ноќ на отворањето генераторот бил саботиран. Естонскиот фотограф Каупо Кикас повторно го открил во 2014 година, кога направил серија фотографии. Кратко потоа киното е уништено.