Кои се кумановците на листата на ВМРО-ДПМНЕ за втора изборна единица?

Сподели со своите пријатели

Носител на листата во втората изборна единица каде се наоѓа и Куманово е првиот човек на здравството, Никола Тодоров кој ќе си ги одмери силите со Оливер Спасовски како носител на СДСМ.

На листата на Коалицијата за подобра Македонија од кумановските претставници на високот четврто место се наоѓа Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската партија на Србите. На седмото место се наоѓа пратеникот Зоран Ѓорѓиевски, а многу подоли првиот човек на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Драган Петковски кој се наоѓа на 12 позиција. Емилија Трајковска е на 13та позиција, Марија Николовска е под број 16, додека на 18 е Марио Цветковски, претседал на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово.

На листата во втората изборна единица втор е Трајко Вељановски, трет е Амди Бајрам, а на осмата позиција е Јохан Тарчуловски.