Вкупно осум Ноемвриски награди беа доделени на денешната Свечена седница на Советот на Општина Куманово од вкупно 17 поднесени предлози.

Радио Бум и Здружението на граѓани „Кумановски акцијаши “ се правните лица кои што официјално ќе бидат прогласени за добитници на Ноемвриска награда на свечената седница што ќе се одржи на 11 Ноември.
Меѓу наградените се и шестмина поединци. Мирослав Крстевски, претседател КУД „Панче Пешев“,Рамо Рашидовски од областа на културата, Неџат Акифи, новинар, Филип Колевски, тренер во атлетика, Верица Петровска, поетеса и Ваит Саити, директор на кумановската подружница на ЈП Македонски шуми.

Во своето обраќање на свечената седница граодначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски даде историски соврт на развојот на Куманово, но и нагласи дека сите постигнати резултати се реализирани од сопствените средства.
Барем за Општина Куманово, финансиската поддршка особено во капиталните проекти, но и во други од страна на државата и нејзините ресори во сиот претходен период речиси континуирано изостануваше, дури и аок имало одделни вложувања од државата, тие беа спроведувани паралелно и несинхронизирано со плановите и програмите на општината, каок државата да е конкурент, а не субјект на соработка во општината – рече Дамјановски.

Претседателот на Советот на Општина Куманово, Максим Димитриевски истакна дека советот ќе продолжи да донесува одлуки во интерес на граѓаните на Куманово и потсети дека и покрај теророт од 9ти мај и бегласката криза кумановци успеаа да се обединат.
На свечената седница беа емитувани и промотивни видео спотови за сработеното во последните 12 месеци.


