Отворена ликовната изложба на кумановските уметници (галерија)

Сподели со своите пријатели

Ликовна изложба на на уметниците од Куманово вчеравечер во Уметничката галерија свечено беше отворена од страна на првиот човек на градот и директорката на кумановскиот музеј, а по повод одбележувањето на Денот на градот.

 

dsc_0188

 

Првата изложба на кумановските уметници е одржана во далечната 1956 година со мала група кумановци, а вечерва со мали прекини оваа манифестација прослави 60-ти роденден од која дел беа 27 уметници од Куманово.

Сите тие се од различни генерации, со различни ракописи, но она што го покажаа покажуваат дека ја следат авангардата на современото и модерното сликарство и сето тоа го пренесуваат на платно, така да ова вечерва се 27 дела од нивната овогодинешна работа, а со тоа потврдуваат дека од -56та година па до ден денес Куманово е значаен уметнички центар – изјави Анита Цветановска, директор на УЦ Музеј Куманово.

dsc_0202

 

Делата се направени во неколку техники, а самата манифестација е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија и Градоначаникот и Советот на Општина Куманово.

Тоа е врвот на ликовната уметност и врвот на Куманово, како што кажав најсветлата точка во Република Македонија и современата македонска ликовна уметност е токму Куманово и затоа ова е за почит, 60 години традиција на Друштво на ликовни уметници на Македонија, она што го прават и творат во текот на една година. Мене ми е задоволство да секоја година ова да го отворам и на некој начин презентирам она што е највредното од културата и уметноста во Куманово и во Македонија – изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.

dsc_0194

 

Голем број политиари од сите политички партии, љубители на уметноста на градот ја преполнија салата на кумановската уметничка галерија, а граѓаните и во следните денови ќе имаат можност да уживаат во изложените дела.

 

dsc_0190 dsc_0192