Во текот на вчерашниот ден околу 18:45 часот на нива во ссело Габреш – Куманово, Д.А. (55) од истото село, орајќи, се превртел со тракторот и починал на место на настанот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи – Куманово. Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот е оставено на семејството, со оглед дека се работи за несреќен случај.