Под насловот „Вечер со музиката на Трајко Прокопиев“вчеравечер во Центарот за култура во Куманово се одржа концерт со кој беше одбележан патрониот празник и 35 години од постоењето на оваа национална установа.

Кумановци имаа можност да уживаат во звукот на музиката на Прокопиев преку настапот на солистите од Македонска опера и балет Гонца Богоромова и Кристијан Антовски, со пијано придружба на Андреј Наунов.
Со гордост можеме да се пофалиме дека 35 годишнина од работа на националната установа центар за култура Трајко Прокопиев достојно го носи името на великанот на македонската музика, и со тоа одбележуваме 107 години од раѓањето на прокопиев и на тој на тој начин на нашите редовни посетители, сограѓани им го честитаме овој празник. Речиси секојдневно имаме некоја активност во центарот за култура театар куманово и албанскиот театар, трите институции во рамките на самата установа работат интензивно на креирање на културна шема во градот, каде што секојдневно сме покриени со промоции на книги, изложби, концерти, трибини, театарски претстави, гостувања, фестивалот денови на комедија со што мислиме дека даваме значаен придонес – изјави Сашо Костовски, в.д. директор на НУЦК „Трајко Прокопиев“.

