Спречен шверц на девизи, алкохол и царинска измама на Табановце (фото)

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија три измами, еден обид за нелегален влез на патници и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, алкохолни пијалоци, облека, техничка стока, стаклени чаши и фалсификати, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Вкупно 3.500 евра, откриени при личен претрес на македонски државјанин кој управувајќи македонски автомобил се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Во внатрешен џеб од јакната на возачот биле пронајдени 5.500 евра, за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот прекршок е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

 

Loading...

devize-zaplena

 

Вкупно 14,5 литри разни алкохолни пијалаци (Jim Beam од 0,7 л, Јohnnie Walker Red label од 0,7 л, Gorbatschow од 0,7 л, Three Sixty од 0,7 л, Jegermeifter Winterkrauter од 0.7 л  и други), откриени при контрола на автомобил со привремени германски таблички, управуван од албански државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените пијалаци, пронајдени во куфер, сместен во багажникот на возилото се привремено задржани, а против возачот е поведена соодветна постапка.

Увозник од Скопје, со две царински декларации во царинската испостава Табановце автопат – отсек за стоково царинење, пријавил за увозно царинење мандарини, со потекло од Хрватска.  Поради сомневање дека декларираната царинска вредност на стоката е нереално ниска, била извршена проверка во базата за царинска вредност на Царинската управа, од каде било утврдено дека идентична стока во приближно исто време била увезена по повисока вредност од декларираната, врз основа на што се изготвени два записници за царинска вредност и пресметани се дополнителни увозни давачки во вкупен износ од околу 34 илјади денари.