Рано утринава во 05.15 часот во ЕИК Скопје, И.Ф. од село Арачиново, скопско, пријавил дека истиот ден околу 05.00 часот од возило непозната марка, кое поминувало пред неговата куќа, непознати лица фрлиле разни предмети предмети со кои искршиле четири прозорски стакла од долниот кат на куќата, каде е сместен Штабот на политичката партија „СДСМ“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.