Грабеж во кумановско – крадците заминале со плен од над 100.000 денари
On:
Сподели со своите пријатели
Вчеравечер околу 20.50 часот во селото Отља, кумановско, три засега непознати маскирани лица влегле во куќата на Т.С.(66), физички го нападнале и му одземале 300 швајцарски фанки, 150 евра, 14.000 денари и пиштол „Застава“ калибар 7,62 мм, што оштетениот го поседувал со дозвола, мобилен телефон „Самсунг“ и мобилен телефон „Ајфон 4“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што посочуваат од полиција сторителите се стекнале со противправна имотна корист од околу 100.000 денари. Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Куманово.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.