Три улици во градот ќе останат без струја

Сподели со своите пријатели

Три улици од Куманово во текот на денешниот ден во период од  09:25 до 15:00 часот ќе останат без електрична енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Станува збор за дел од улиците „Никола Тесла“, „Јоско Илиевски“ и „Гиго Цветковски“. Прекините се најавени од страна на ЕВН, а се должат на интервенции во електро достробутивната мрежа со цел подобрување на услугата кон корисниците.

Во моментот нема други поголеми дефекти во снабдувањето со електрична енергија низ градот, велат од ЕВН.