Жител на Ропаљце ќе одговара за напад на полициски службеник

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.С. (44) од с. Ропалце, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 21.10.2016 година околу 14.50 часот пријавениот дошол во просториите на Полициско одделение Матејче и од полицискиот службеник кој бил во дежурната служба побарал документ за физички напад сторен од негова страна во текот на 2015 година.

Полицискиот службеник му објаснил дека сите документи што ги бара ќе му бидат доставени службено по поднесено писмено барање по што пријавениот почнал да вика, обраќајќи му се со вулгарни зборови на полицискиот службеник. Во еден момент го фатил во пределот на вратот по што физички го нападнал, удирајќи го со тупаници во пределот на главата и телото. Од страна на судија во претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.