Крак од улицата ЈНА која се наоѓа зад Домот на АРМ деновиве доби нов бекатон, како дел од проектот за рехабилитација и изградба на патна инфраструктура низ Куманово.

Во обиколка на улицата денеска беше и градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски кој истакна дека ова е мал децениски проблем во поврзувањето на Домот на АРМ и спортските терени кои се наоѓаат во тој дел од градот.
Успеавме со детален урбанистички план да ја промовираме и уцртаме оваа улица и кога го завршивме тој урбанистички проект имавме услови да направиме пролаз, значи тука беа врата затворен дел од Дом на АРМ, успеавме да ги поделиме овие две парцели да направиме профилација на улица и да го завршиме првиот дел од проектот, тоа е комуникација на граѓаните кои имаат проблем за влегување од булеварот, сега нарпавивме отвор од тука, имаме 150 метри заедно со малите улички кои конектираат – изјави Дамјановски.

Како што потенцираше градоначалникот до крајот на следниот месец целосно треба да се заврши проектот со што ќе се направи и дренажа на сливната вода од локалитетот Мачја глава.
Со тоа дефинитивно го решаваме долгогодишен, децениски проблем на граѓаните од овој град. Проектот е негде околу 550 квадратни метри, цена е негде околу милион денари, завршена е првата фаза, а се надевам дека во скоро време ќе биде завршена и во целост – додава Дамјановски.

Во следниот период, како што потенцираше првиот човек на Општина Куманово, ваквите активности ќе продолжат и во другите делови од градот, бидејќи како што истакна тој ова се лични проблеми на граѓаните што локалната самоуправа е подготвена да ги реши во рамките на своите можности.


