Кумановската болница доби Одделение за мигранти (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Во Општа болница Куманово од денес  е ставено во функција Одделението за мигранти, инвестиција вредна околу 100 илјади евра, обезбедени преку Европската банка за развој при Советот на Европа и Фондот за миграција и бегалци, а во имплементација на Меѓународната организација за миграција.

 

Loading...

dsc_0007

 

Оваа одделение е сместено во подрумскиот дел од болнциата, каде некогаш се наоѓаше Хирушкото одделение, а денес обиколка во овој дел од институацијата направи и министерот за здравство Никола Тодоров.

 

dsc_0020

dsc_0028

Како што истакна министерот Тодоров, ова одделение освен на мигрантите ќе пружа услуги и на граѓаните на Куманово и регионот.

Тоа ќе биде одделение во кое што ќе можат да се третираат пациенти од Република Македонија и јас сакам да изразам благодарност до ЦЕП и ИОМ за нивната инвестиција и помошта која ја даваат на Макеоднија во справување на мигранстската криза. Досега во болницата во Куманово има дадено над 470 здравствени услуги на мигрантите од различен карактер имаме 4 породувања 6 други се препратени за скопје,лица кои што се тртеирани и подолго кои што во моментов се тука исто така повеќе од 15-тина дена – изјави Тодоров.

 

Loading...

Како што изјави Соња Божиновска Петрушевска, шеф на канцеларија на ИОМ проектот започна со реализација во декември минатата година, а сега е во својата завршна фаза од имплементирањето.

Проектот има значителан медицинска компонента во склоп на која целта беше да се обезбеди ефикасен рпистап на мигрантите до медицинска заштита, меѓутоа и во исто време придонесува во развој на локалните медицински капацитети во Гевгелија и Куманово, кои беа особено погодени од мигрантската криза. Конкретната асистенција која што е околу половина милион евра се однесува на реновирање на болнциите во Гевгелија и Куманово, донација на медицински апарати, медицински мебел, како и амбулантно возило – изјави Божиновска Петрушевска.

 

Зза прва пат после подолг временски период  пациентите од кумановско ќе имаат можност да им биде пружена колоскопија на гинеколошкото одделение.

Ова ќе значи многу за нашите граѓани, како што потенцираше и министерот и нашите сограѓани ќе имаат пристап до квалитетни здравствени услуги, прво и второ пациентите нема да одат во Скопје да трошат средства и време, туку тие услуги ќе можат и кај нас да ги реализираат и ја користам приликата да имс е заблагодарам на донаторите за големата помош што ја дадоа за нашата болница – изјави Ариф Љатифи, директор на Општа Болница Куманово.

 

Како што истакна Арно Де Вердиер, претставник од Банка за развој при Совет на Европа, овој проект значително ќе ги подобри условите во кои медицински се третираат мигрантите кои транзитираат или се наоѓаат во Македонија.

Главната идеја е всушност оваа инвестиција  е самостојна значи да продоложи и во иднина што е дополнени е на целокпуната соработка што советот на банка на европа ја има со министерствто за здравство со цел модернизација и унапредување на здравствениот систем во земјава , изјави Арно Де Вердиер, Банка за развој при Совет на Европа.

 

Проектот во целост тежи околу половина милион евра, а освен болницата во Куманово, вакво одделение ќе добие и гевгелиската болница, која исто така постојано пружа помош на мигрантите.