Утринава околу 00.25 часот на граничниот премин Табановце, при пасошка контрола, било костатирано дека лицето Ј.М.(26) од с.Љубодраг, кумановско, носител на словачка патна исправа, се регистрира на СТОП-Листата и е предмет на потрага, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Лицето е под истрага за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Лицето е приведено и во 01.30 часот, со Потврда за предавање на лице, лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.