Од 19.10.2016 година од 13:00ч. врз основа на одобрение 0302-737/Х од „Страбаг“ АГ Подружница Страбаг, а во врска со одобрен проект за рехабилитација на државен пат А1 Куманово – Миладиновци извршена е измена на режим на сообраќај од 15+500 до 20+500 км, после наплатна станица Романовце сообраќајот се одвива по десна (спора), а лентата за возење и престигнување е затворена за сообраќај каде е поставена сообраќајна сигнализација за времена измена, информираат од Македонија пат.
На магистралниот пат А2, делница Младо Нагоричане – Страцин почнувајќи од 13.10.2016 година се вршат геодетски мерења од страна на фирмата ПРО- ГЕО. Мерењата ќе се вршат секој работен ден (понеделник-петок) од 08:00 – 16:00 часот во период од 13.10.2016 до 30.12.2016. На местата каде ќе се одвиваат работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.