Си ги зела четирите деца и исчезнала од дома

Сподели со своите пријатели

Вчера во 14.30 часот во СВР-Куманово, Р.А.(1962) од село Извор, Општина Липково, пријавил дека од 18.10.2016 година околу 18.00 часот од дома од Куманово, во непознат правец се упатила К. М. од селото Срезовце, Прешево – Република Србија, невенчана сопруга на неговиот брат И.А., заедно со нејзините четири деца.

СВР- Куманово презема мерки за пронаоѓање на лицата.