Оревите се вистински есенски плодови, исто како и костените. Оваа природно крцкава грицка е богата со масти и поради тоа се препорачува да се консумира по 30гр дневно, ако сакате да ја намалете вашата телесна тежина.
Loading...
Она што многу малку луѓе го знаат е тоа дека обвивката на оревите, како и зелената обвивка на младите ореви и листот на дрвото, може да се користат во здравствени цели. Оревот е полн со антиоксиданси и хранливи состојки. Антиоксиданси во оревите се југлонот, телимаграндинот и моринот, кои се наоѓаат во многу малку други намирници. Југлонот има антибиотичко дејство и делува против габични инфекции, а најмногу го има во лисјата на дрвото. Поради неговата токсичност, се советува да се користи од младите листови на оревот. Исто така, многу е важно да се запомни дека оревите се богат извор на омега 3 масни киселини и поради тоа се препорачува за оние кои се држат до веганската прехрана, бидејќи ќе им ги овозможи оние состојки кои другите ги внесуваат преку месото и рибата.
Оревот содржи и серотонин, познат и како хормон на среќата, а освен тоа што ќе ве расположи, исто така и ќе ве засити. Една шака ореви е многу подобра за потиснување на желбата за грицкање, а така и ќе ги прескокнете многубројните калорични алтернативи.
Зелени ореви
Оревите во турската традиционална медицина се користат како лек за проблемите со жлездите, дури и со тироидната жлезда. Причината за тоа е што оревите го зголемуваат количеството на тироксин, хормон кој го лачи тироидната жлезда. Во Турција се користи сок од готвени зелени ореви, но за оваа намена може да се користи и масло од ореви, како ароматичен додаток на прелив за салати. Некои истражувања покажале како всушност зелените лушпи содржат најмногу тироксин, иако не се многу вкусни.
Истражувањата покажале дека и оревите имаат својства кои може да го забават растењето на туморот, како и да ги намали шансите за развој на рак. Студиите биле спроведени на глувци кои биле на „диета со ореви“ па покажале дека по диетата бил намален развојот на ракот до 30%.
Лушпата на оревите
Имено, лушпата на оревот е можно да се користи и за отстранување на забен камен. Згответе ги лушпите во вода до момент кога ќе омекнат, околу 10 минути. Потоа ставете ја четката неколку минути да се натопи во таа вода и потоа пет минути мијте ги забите со течноста, допирајќи до секој дел од вашите заби. По миењето на забите, добро измијте ја и четката и устата.
Исто така, листовите може да ги искористите за благо воспаление на кожата. Две лажички иситнети листови додајте ги во една шолја зовриена вода, оставете ја водата да олади и нанесете ја на кожата. За лечење на егземата се препорачува и додавање на една шака иситнети листови од орев во водата со која се бањате.