Во последните два дена припаднициет на Теријаторијалната противпожарна единица Куманово бележат две интервенции, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Првата интервенција била уште во четврток, кога на бензинската пумпа „Твинс Петрол“ околу 20 часот експлодирала плинска боца. На терен веднаш излегле тројца пожарникари со едно противпожарно возило, при што успешно ја завршиле интервенцијата во 21:25 часот.
Вториот случај е регистриран вчера околу 14:20 часот, кога во ТППЕ Куманово пристигнал повика дека гори куќа во селото Черкезе. Веднаш на терен се упатиле пет пожарникари и едно противпожарно возило.
Причините за избувнување на пожарите, како и висината на настанатите материјални штети допрва ќе биде утврдена.