Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против М.И. (29) од Куманово поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги психотропни супстанци и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
На 08.07.2016 година од страна на полициски службеници извршен бил преглед во домот на пријавениот во Куманово при што биле пронајдени и одземени 0,18 грама наркотична дрога хероин и 13 куршуми калибар 22 ЛР.