На граничниот премин Табановце во текот на вчершаниот ден во два одвоени случаи приведени биле две лица, од кои едниот од Куманово, а другиот жител на Штип, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во првиот случај вчеравечер околу 23,00 часот на ПС за ГП Табановце, на влез во Р.Македонија, при извршена пасошка контрола констатирано било дека А. Д. (35) од Куманово евидира на СТОП-Листа и дека истиот бил предмет на потрага по телеграма од МВР-СМПС- ОП. Лицето се барало заради издржување на казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело по чл.215 од КЗ на РМ. Истиот бил приведен и околу 23,30 часот со потврда за предавање на лице бил предаден на УПС од СВР Куманово, за понатамошна постапка.
Во вториот случај околу 08,15 часот вчера во Полициска станица за Ггранична патрола – Табановце, на влез во Република Македонија допатувал К.З.(34) од Штип. При извршена контрола во ОЕ било утврдено дека истиот евидира на СТОП Листа по телеграма, доставена од МВР- СМПС-ОП за сторено кривично дело по чл.202 став 1 од КЗ на РМ. Лицето било приведено и околу 09,45 часот со потврда за предавање на лице, било предадено на УПС од СВР-Куманово за понатамошна постапка.