Вчера околу околу 17,00 часот од страна на патрола во реон на Миратовачки пат, запрено било лице кое не поседувало документи за идентификација, по што во Полициска станица за граничен надзор – Сопот врз основа на копија од патна исправа бил утврден идентитетот, а се работи за Б.К. (30) од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
По извршена проверка било утврдено дека по лицето има распишано потрага од страна на СВР-ЕИИП Скопје за избеган затвореник од КПУ ВПУ Идризово. За сторен прекршок за недозволен премин на д/г на лицето му бил издаден платен налог спротивно на член 9 казниво по чл.68 од Закон за гранична контрола.
По основ на распишаната потрага околу 20,40 часот од патрола од СВР Куманово било извршено преземање на лицето и негов спровод согласно расписот.