Девет децении КУД „Панче Пешев“ (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“ од Куманово вчеравечер започна со одбележувањето на 90-годишниот јубилеј од своето постоење.

 

Loading...

 

Прослвата започна со дефиле на членовите на фолклорните друштва од Македонија, Србија и Бугарија низ улиците во градот, а потоа следуваше и промоција на монографијата на КУД „Панче Пешев“ во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Монографијта ги отсликува активностите на културно-уметничкото друштво во изминатите девет децении.

Посебно има фотографии од 1946 до 1996 година, после од 1996 до 2006 година, тоа се фотографии и слики кои се направени со Народен музеј Куманово, што ги чуваме што велат кумановци како „очи во глава“. Посебно последните 10 години, фотографии кои ги има околу 47-48 фотографии, кои се од активности за најдобри настапи во европските градови, односно на фестивалите низ Европа. Има доста признанија, награди и плакети кои се наместени, ги има околу 70-80 признија, неколку носии од куманово, кумановска носија да одбележиме дека тоа е етно изложба и активности за кои КУД „Панче Пешев“ во неколку последните години без разлика на проблемите што имавме, успеваше да го презентираат куманвоскиот и македонскиот фолклор, како во републиката, така и надвор од неа на повеќе фестивали изјави, Мирослав Крстевски, претседател на КУД „Панче Пешев“.

 

По промовирањето на монографијата следуваше настап на домаќините со гостите од КУД  „Варна“ од Бугарија, „Шумадија“ од Горњи Милановац, и фолклорните ансамбли „Битола“ од Битола и „Етнос“ од Скопје.

Ние како претставници на Србија и општината Горњи Милановац која е збратимена со куманово, дојдовме да ја подржиме таа прослава и важно ни е што сме денес тука и се надевам дека ќе доаѓаме и во иднина, па и следната година КУД „Панче Пешев“ да бидат гости кај нас. Балканскиот фолклор е најпознатиот фолклор на светот, така да размената на искуствата во игри и песни на така блиски региони за нас е од голема корист и секој пат има да научиме нешто едни од други – изјави Александар Тулович, КУД „Шумадија“, Горњи Милановац.

 

Прославата на 90-години од постоењето на КУД „Панче Пешев“ продолжува и денес со богата уметничка програма и свечена академија.

dsc_0062 dsc_0059 dsc_0054 dsc_0051 dsc_0049 dsc_0048 dsc_0045 dsc_0042 dsc_0041 dsc_0040 dsc_0039 dsc_0038 dsc_0037 dsc_0035 dsc_0034 dsc_0031 dsc_0029 dsc_0028 dsc_0027 dsc_0025 dsc_0022 dsc_0018 dsc_0016 dsc_0015 dsc_0073 dsc_0069