Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремен локален дожд, кој особено ќе биде застапен во југоисточниот дел на земјава, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи во интњрвал од 7 до 13 степени, додека максималната дневна ќе се движи од 14 до 20 степени целзиусови.
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со пониски дневни температури, локално е можен краткотраен дожд, особено во западните планински предели.
В среда ќе има повремени локални врнежи од дожд, а потоа повторно се очекува извесно стабилизирање на времето.