Во период од 08,30 до 15,30 во текот на денешниот ден без електрична енергија ќе останат селата: Лубодраг, Умин дол, Ново село, Ропалце, Гошице и Лукаре, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Станува збор за планирани прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во електро дистрибутивниот систем и подобрување на услугата кон корисниците.