Вчера во периодот од 19.00 до 24.00 часот во поширокиот реон на с.Лојане, општина Липково, по претходно добиени оперативни сознанија и информации за зголемено присуство на лица и групи на мигранти, извршена била координирана акција и претрес на теренот.
Притоа биле откриени и фатени вкупно 53 лица мигранти од Авганистан и Пакистан (43 мажи, 3 жени и 7 деца), информираат од Министерството за внатрешни работи.