Во текот на утрешниот ден на повеќе локации низ Куманово ќе има прекини во напојувањето со електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија.
Во период од 8:15 до 13 часот без електрична енергија ќе бидат дел од улиците: „Сава Ковачевиќ“, „11 Октомври“, „Вера Јоциќ“ и „Раде Кончар“. Во период од 8 до 12 часот исклучување ќе има кај корисниците на трафостаницата „Јома 95“ и околините потрошувачи, а од 12 до 15:30 часот во ординацијата „Др. Бато“.
Станува збор за најавени прекини од ЕВН Македонија поради интервенција во електро дистрибутивната мрежа со цел подобрување на услугата кон корисниците.