Ветер до 60 километри на час и за неколку степени пониски температури

Сподели со своите пријатели

Времето деннес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и посвежо од вчера за 2 до 4 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Локално е можна изолирана појава на слаб дожд, особено во западните делови на земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието, во источните делови, каде наместа наместа ќе достигнува околу60 км/час.

Минималните температури ќе се движат од 3 до 10 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 13 до 22 степени целзиусови.

Во Куманово ќе имаме облачно со максимална дневна температура од 14 степени. Ќе дува засилен ветер од северен правец.  Во текот на ноќта температурата ќе се спушти до само 1 степен над нулата.

Под влијание на студена воздушна маса од север времето во нашава земјава ќе биде променливо облачно и релативно студено за овој период, со услови за слаб локален дожд, особено во западните делови.

В петок ќе преовладува претежно облачно време а со повремени врнежи од дожд, а кон крајот на денот и преку ноќта се очекува да бидат обилни.

 

Loading...