Здружението на просветни работници со честитика за Денот на учителот

Сподели со своите пријатели

Претседателство на Здружение на просветни работници Куманово, на сите просветни работници им го честита Светскиот ден на учителот, а во упатената порака стои:

Мисијата на просветните работници е одговорна работа која бара континуирана надградба на знаења и вештини за излегување во пресрет на различните потреби на младите генерации кои успешно ќе се носат со животот.

Затоа, ги потсетуваме, надлежните во заедницата, дека тие ја имаат постојаната обврска во обезбедување на адекватни услови за професионално обучени, мотивирани и добро подржани просветни работници од учениците, како најисплатлив влог на секое општеството.

На просветните работници им посакуваме, успешно справување со сите предизвици во процесот на воспитно-образовната работа и истрајување на патот во создавање на генерации кои ќе се залагаат за добросостојба на сите – стои во честитката на Здружението на просветни работници.