СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.С.(21), С.Р.(24) и А.С.(21) сите од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
На 24.07.2016 година, околу 00,15 часот откако пријавените го забележале оштетениот Ш.А.(29) од Куманово како седи заедно со неговиот пријател Р.З.(19) во гостилница во Куманово поради нарушени меѓусебни односи помеѓу прво пријавениот од оштетениот истите физички ги нападнале удирајќи ги со тупаници по главата и телото.
По ова откако паднал на земја продолжиле да го удираат со безбол палки нанесувајќи му видливи телесни повреди по што се дале во бегство.