Соседи се претепале поради недоразбирање за пат во Романовце

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 12.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Романовце  -Куманово бил нарушен Јавниот ред и мир со тепачка помеѓу повеќе лица, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од страна на увидна екипа и инспектори, а по овластување на Јавен обвинител излезено било на лице место и од извршениот увид било констатирано дека на 03.10.2016 година околу 10.00 часот, поради нерасчистени соседски односи за патот кој ги разделува, настанала меѓусебна расправија која прераснала во тепачка помеѓу Д.К. со неговите синови од една страна и Ф.Г. со неговиот син од друга страна.

Во тепачката Д.К. и синовите се здобиле со телесни повреди во пределот на главата и телото, а Ф.Г. со тешки телесни повреди во пределот на главата. На истиот му била укажана лекарска помош во Скопје, каде е задржан на понатамошно лекување.

СВР- Куманово презема мерки за целосно расчистување на случајот.