Истрагата за убиството на четиригодишниот Алмир Алиу од Куманово се очекува да заврши оваа недела. Последните двајца сведоци ќе ги дадат своите искази на 7 и 10 октомври, по што се очекува да започне и судскиот процес за овој случај, објави Алсат-М.
Адвокатот на семејството Алиу, Асмир Алиспахиќ објасни дека досега за ова убиство, обвинителот има сведоштва само од роднините на убиеното дете и од главниот обвинет за убиството Бобан Илиќ.
Одбраната ќе бара максимална казна за главно обвинетиот Бобан Илиќ, кој е осомничен дека го прегазил Алмир Алиу после една банална расправија во Кумановкста болница меѓу неговиот татко и главниот осомничен за убиството.