Бензините од полноќ ќе се продаваат по цена за половина денар пониска од досегашната, вака денес одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Еуросупер БС 95 ќе се продава за 61,5 денар за литар, литар од 98 октанскиот ќе лини 63 денари. Цената на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство останува непроменета, а мазутот поевтинува за 0,387 денари за килограм.
Цената на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство останува непроменета, а мазутот поевтинува за 0,387 денари за килограм.
Во просек, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат за 0,56 проценти.
Во изминативе две недели, цената на суровата нафта на светските берзи била пониска во однос на претходниот пресметковен период, а понизок бил и курсот на денарот во однос на доларот.
Оваа малопродажна цена на нафетените деривати ќе важи во наредните 14 дена.