Претставата „Име“ вечерва ќе ги отвори „Деновите на комедија“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вечерва со почеток во 20 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ започнува 19то издание на фестивалот „Денови на комедија“, а честа да ја отворат манфиестацијата ќе им припадне на актерите од Театар Комедија со претставата „Име“.

Претставата е работена според текст на Александар де ла Пателие и Метју Делапорт, а во неа ќе играат: Јелена Жугиќ, Роберт Ристов, Атанас Атанасовски, Илија Илиоски и Кристина Ласовска.

Фестивалот ќе трае до 15 октомври, а ќе се претстават вкупно 13 театри од земјата и од странство.