Три лица, од кои едно со потешки телесни повреди е билансот на сообраќајната несреќа што вчера околу 11:50 часот се случила во Куманово, информираат од Министерството за внатрашни работи.
Во несреќата учествувале патничко моторно возило марка „Фолксваген Голф“ управувано од А.Б.(1991) од Тетово, и патничко моторно возило марка „Даеву Матиз“ управувано од И. Т. (1996) од Куманово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото марка „Даеву Матиз“ И.Ј.(1977) од Куманово, кој по укажаната лекарска помош во Медицински центар – Куманово бил препратен во Клинички центар – Скопје, додека возачот И.Ј. и сопатниците Л.Т.(1952) од Крива Паланка и Н.Б.(1963) од Куманово, се здобиле со телесни повреди и се задржани во Медицинскиот центар во Куманово.
Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР – Куманово.